Пожарот во Општина Ѓорче Петров, во атарот на селото Грачани, е единствениот сè уште активен пожар на отворен простор изутринава, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според последните информации од теренот, огнот во моментов е префрлен и активен на територијата на Република Косово, каде што гори густа шума.
Покрај овој активен пожар, екипите на ЦУК регистрираа уште 30 пожари низ државата до 07:30 часот изутринава, од кои три се успешни ставени под контрола, а дури 27 се целосно изгаснати.
Под контрола на противпожарните тимови се три критични локации:
- Општина Сарај: кај селото Копаница, каде што гори нискостеблеста шума и ниска вегетација;
- Општина Чучер-Сандево: кај селото Брест, на месноста Рамно на Скопска Црна Гора, каде што е зафатена мешана шума;
- Општина Струга: на теренот помеѓу селата Буринец и Локов, каде што гори нискостеблеста шума.
Екипите остануваат на терен со цел целосно деактивирање на преостанатите жаришта и спречување на нивно повторно разгорување.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата