logo
logo
logo

ФИНАНСИСКИ „ШТИТ“ ЗА МАКЕДОНИЈА - ЕЦБ одобри траен пристап до 50 милијарди евра

Vecer | 11.08.2026

ФИНАНСИСКИ „ШТИТ“ ЗА МАКЕДОНИЈА - ЕЦБ одобри траен пристап до 50 милијарди евра

Народната банка добива траен пристап до репо-линија од Евросистемот во максимален износ од 50 милијарди евра, откако Европската централна банка ја одобри можноста. Со ова, по завршувањето на техничкиот процес за приклучување, земјава ќе има брз пристап до дополнителна девизна ликвидност во евра во случај на финансиски шокови или зголемена побарувачка. Од Народната банка оценуваат дека, иако девизните резерви се на високо ниво, пристапот до ЕУРЕП дополнително ќе ја зајакне отпорноста и стабилноста на финансискиот систем.

Досега Народната банка имаше пристап до репо-линија на ЕЦБ во максимален износ од 400 милиони евра. Таа беше воспоставена за време на пандемијата на ковид-19, а последен пат беше продолжена до 31 јануари 2027 година.

За разлика од досегашната линија, ЕУРЕП е траен инструмент на Евросистемот, со значително поголем капацитет и поширок опфат, наменет за обезбедување ликвидност во евра во услови на евентуални пазарни нарушувања.

Зголемената репо-линија е инструмент на Евросистемот, воспоставен за поддршка на непреченото спроведување на монетарната политика. Таа обезбедува постојан пристап до ликвидност во евра за централните банки и монетарните власти надвор од еврозоната, а со неа управуваат пет национални централни банки под координација на ЕЦБ.

Одобрувањето на пристапот до ЕУРЕП, како што се наведува, ја потврдува определбата на ЕЦБ за обезбедување ликвидност во евра во периоди на пазарни предизвици и за поддршка на непреченото функционирање на финансиските пазари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk