Паднаа дилери во Скопје: ИНТЕРВЕНТНАТА ПОЛИЦИЈА И ЕНТ ЗАПЛЕНИЈА БОГАТ АСОРТИМАН НА ДРОГА

Vecer | 04.07.2026

Паднаа дилери во Скопје: ИНТЕРВЕНТНАТА ПОЛИЦИЈА И ЕНТ ЗАПЛЕНИЈА БОГАТ АСОРТИМАН НА ДРОГА
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, на 02/03.07.2026 извршен е претрес во стан кој го користат М.Б и Н.Ј, кои претходно беа лишени од слобода од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје.

‒ При претресот извршен по добиена судска наредба, пронајдени и одземени се 11,5 килограми марихуана, 400 грама кокаин, како и амфетамин, екстази, ЛСД, масло-хашиш смола, халуциногени печурки, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Лицата се задржани за понатамошна постапка, а од страна на ЕНТ до надлежното ОЈО е поднесена кривична пријава во итна постапка, потенцираат од МВР.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk