logo
logo
logo

Стојна Димитровска Бут тепала туристи - УАПСЕНА „ГАЗДАРИЦА“ НА „КРАТОВСКИ КУКЛИЦИ“

Vecer | 03.08.2026

Стојна Димитровска Бут тепала туристи - УАПСЕНА „ГАЗДАРИЦА“ НА „КРАТОВСКИ КУКЛИЦИ“

Стојна Димитровска Бут (41) од Кратово, позната во јавноста како „газдарицата“ на локалитетот „Камени кукли“, е уапсена откако, според полицијата, физички нападнала повеќе посетители на археолошкиот локалитет „Куклица“.

Од СВР Куманово информираа дека вчера околу 19:30 часот полициски службеници од ОВР Кратово ја лишиле од слобода С.Д. (41), постапувајќи по претходна пријава дека на 2 август околу 18 часот физички нападнала повеќе лица кои го посетувале локалитетот „Куклица“.

„По насоки на јавен обвинител, С.Д. е приведена во полициска станица и против неа ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти полицијата.

Ова не е прв инцидент поврзан со кратовчанката, која веќе подолг период е во фокусот на јавноста поради случувањата на археолошкиот локалитет „Камени кукли“.

На 11 јули годинава, полицијата повторно интервенираше откако беше пријавено дека им го попречувала пристапот на туристите и барала пари за разгледување на локалитетот, и покрај тоа што претходно ѝ била изречена судска забрана да престојува и да врши каква било дејност на оваа јавна археолошка знаменитост. За тој случај, полицијата најави соодветна пријава по целосното документирање.

Според претходни сведоштва на посетители, на дел од туристите, особено на странските државјани, им биле барани и до 20 евра за влез, при што им било кажувано дека локалитетот е „приватна сопственост“. Имало и поплаки за навреди и закани кон посетителите.

Дополнително, на 16 јули беше приведен и нејзиниот 41-годишен сопруг, британски државјанин, против кого Основното јавно обвинителство Куманово побара притвор. Тој е осомничен дека со камења нападнал даночни инспектори од Управата за јавни приходи додека вршеле службена контрола на локалитетот.

Според Обвинителството, против него е поведена постапка за кривичното дело „Спречување службено лице во вршење службено дејствие“.

Инаку, судот претходно донесе времена мерка со која Стојна Димитровска Бут и нејзиниот татко Милош Димитровски се задолжени да го напуштат локалитетот и да го предадат на надлежните институции.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk