Планината Водно денеска ќе биде во знакот на спортот, рекреацијата и добрата атмосфера, каде ќе се одржи 14-тото издание на традиционалната манифестација „Sparkasse Life – Прв до врв“.
Настанот и оваа година се очекува да привлече голем број љубители на активниот живот, кои ќе се натпреваруваат или рекреативно ќе учествуваат во неколку дисциплини. Во програмата се вклучени планинско трчање, друмски и планински велосипедизам, Е-bike трка, како и специјална тимска трка за компании.
Стартот на велосипедските дисциплини е закажан за 9:45 часот кај Музеј на град Скопје, додека трките во трчање ќе започнат во 10:00 часот. Учесниците ќе минуваат низ неколку контролни точки сè до врвот на Водно, каде традиционално завршува настанот.
Организаторите велат дека целта е да се поттикнат спортскиот дух, дружењето и престојот во природа, а секој што ќе ја заврши патеката ќе добие финишер медал. За најуспешните натпреварувачи се обезбедени награди во повеќе категории, како и дополнителен бонус за соборување рекорди.
По завршувањето на трките, на врвот на Водно ќе следува музичка и забавна програма со диџеј, настап во живо и освежување за сите присутни.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата