logo
logo
logo

РЕСОРИТЕ СЕ ДОГОВОРЕНИ, еве кога ќе ги дознаеме имињата на новите министри

Vecer | 29.06.2026

РЕСОРИТЕ СЕ ДОГОВОРЕНИ, еве кога ќе ги дознаеме имињата на новите министри

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека за најавената реконструкција на Владата принципиелно има договор со коалициските партнери Вреди и ЗНАМ, но оти персоналните решенија ќе бидат објавени утревечер по седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. 

- Да, ние не сме разговарале за персонални решенија за имиња. Принципиелно имаме договор околу ресорите. Јас во минатото кажав, додека не се заврши седницата на Извршниот комитет на партијата, нема да коментирам ниту ресори ниту имиња. Почекајте до утре, отприлика до 20 часот, јавноста ќе биде детално запознаена, рече Мицкоски, на новинарско прашање што е договорено со ЗНАМ и Вреди.

Прашан кога ќе има информации за промени во другите ешалони, Мицкоски посочи дека со тие активности ќе се продолжи од септември. 

- Овој месец е предвидена реконструкцијата на Владата, предвиден е ребалансот на Буџетот и доколку има потреба, одредени седници со коишто ќе се донивелираат одредени реформски закони коишто се потребни за Реформската агенда. Потоа, колку што сум информиран, во август Собранието е на годишен одмор, така што продолжуваме од септември понатаму, рече Мицкоски, кој присуствуваше на пуштање во употреба на градинка во Трубарево во општина Гази Баба.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk