logo
logo
logo

Борба за шефската позиција во ОЈО ГОКК: РАИЧЕВИЌ БАРА ПРОАКТИВНОСТ И КРАЈ ЗА НЕЗАШТИТЕНИОТ КРИМИНАЛ

Vecer | 13.10.2026

Борба за шефската позиција во ОЈО ГОКК: РАИЧЕВИЌ БАРА ПРОАКТИВНОСТ И КРАЈ ЗА НЕЗАШТИТЕНИОТ КРИМИНАЛ

Јавната обвинителка во Основното јавно обвинителство Скопје, Лидија Раичевиќ, која е кандидат за раководител на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), денеска пред Советот на јавните обвинители истакна дека наместо програми, на обвинителството му се потребни стручност и поголема проактивност во откривањето на кривичните дела.

Образложувајќи ја својата кандидатура, Раичевиќ оцени дека јавните обвинители не смеат да се потпираат исклучиво на случаи откриени од полициските структури, туку мора и самите активно да учествуваат во откривањето на криминалот.

– Јас ја нудам својата стручност во дел на откривање на кривичните дела, тоа е функција која јавниот обвинител ја има запоставено – изјави Раичевиќ.

Таа посочи дека обвинителството мора да има поширок увид во криминалните појави во општеството и да развива сопствени капацитети за нивно препознавање и гонење.

– Не може севкупниот криминал да се гони само по откривање на полициски структури. Јавниот обвинител треба да ја знае структурата на криминалот во општеството – нагласи Раичевиќ.

Во своето обраќање таа истакна и дека изборот на раководител на ОЈО ГОКК е важен не само за институцијата, туку и за кредибилитетот на обвинителската функција во државата, повикувајќи ги членовите на Советот да одлучуваат според сопственото убедување.

Осврнувајќи се на модернизацијата на обвинителството, Раичевиќ рече дека е потребно унапредување на техниките на работа, дигитализација и подобро поврзување со другите институции, но оцени дека тоа не смее да биде единствената цел.

– Базата на нашето постигнување е постигнување на два квалитета, да не остане непокриен криминалитет, а од друга страна да бидат запазени правата на човекот – рече Раичевиќ. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk