Утрово повторно се разгоре огнот во боровата шума над село Ногаевци, во Општина Градско кој избувна вчера попладне, а кој по повеќе од 10 часа целосно беше изгаснат доцна синоќа 22:50 часот од страна на пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од Велес со подршка од Дирекцијата за заштита и спасување и Шумското стопанство „Бабуна“, кои на терен дежураа цела ноќ.
Поради силниот ветар утрово повторно огнот се разгоре и на терен во гаснење на боровата шума над село Ногаевци повторно отиде екипа на ТППЕ Велес. Велешките пожарникари поради силниот ветер и брзото ширење на огнот попладнево околу 12:30 часот побараа на помош уште две екипи.
Со тоа сега на терен во гаснењето на шумскиот пожар со борова шума се вклучени три екипи пожарникари од ТППЕ Велес, од кои две екипи со две противпожарни возила се во боровата шума од страната над село Ногаевци и една екипа со едно возило во боровата шума од страната на село Кочилари. Во гасење на пожарот се вклучени и вработени во Шумското стопанство „Бабуна“.
Инаку во Пожарната во Велес вчера попладне во 13:25 часот била примена дојава за запалена борова шума во село Ногаевци.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата