logo
logo
logo

Бојко им разјасни на Филипче и неговите: НЕ Е САМО ТОА, БУГАРИТЕ ВО УСТАВ Е САМО ПРВИОТ ЧЕКОР...

Vecer | 18.06.2026

Бојко им разјасни на Филипче и неговите: НЕ Е САМО ТОА, БУГАРИТЕ ВО УСТАВ Е САМО ПРВИОТ ЧЕКОР...

Бојко Борисов ги потврди најцрните македонски стравувања: Внесувањето во Уставот е само почеток, блокадите продолжуваат до крај!

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, јавно ги сруши сите политички илузии. Внесувањето на Бугарите во Уставот нема да биде крај на уцените, Бугарија ќе продолжи со блокадите кон Македонија. Тоа ќе трае сѐ до целосно исполнување на фамозните протоколи.

Овие штетни документи претходно ги потпиша тогашниот министер Бујар Османи. Борисов отворено слави по гласањето во Европскиот парламент.

Поранешниот бугарски премиер се огласи преку Фејсбук. Тој ја поздрави најновата одлука на европратениците.

Според него, Европа јасно покажала дека бара почитување на договорите. Борисов потсети на Договорот за добрососедство од 2017 година. Тој се пофали со клучната улога на ГЕРБ. Неговата партија го обезбеди мнозинството за таканаречениот европски консензус. Според него, процедуралните трикови на Скопје доживеале целосен крах.

„Нападот врз Вториот протокол кон Договорот за пријателство беше несоодветен и контрапродуктивен. Мило ми е што мнозинството европратеници категорично изјавија дека договорите мора да се почитуваат.“

Борисов беше брутално искрен за македонската иднина. Бугарската позиција останува цврста и целосно непроменета, според него првиот задолжителен чекор е промена на македонскиот Устав но, вистинските обврски почнуваат дури потоа. Тоа јасно стои и во европската преговарачка рамка, секој поинаков обид ќе наиде на жесток отпор во Бугарија и Европа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk