logo
logo
logo

Премиерот Мицкоски постави цел – НУЛА ДЕЦА НА ЛИСТИТЕ ЗА ЧЕКАЊЕ ВО ГРАДИНКИТЕ

Vecer | 07.10.2026

Премиерот Мицкоски постави цел – НУЛА ДЕЦА НА ЛИСТИТЕ ЗА ЧЕКАЊЕ ВО ГРАДИНКИТЕ

Целта е до крајот на мандатот да има нула деца на листите за чекање во градинките, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, кој денеска присуствуваше на отворањето на новата детска градинка во Шуто Оризари „8 Април“.

„Навистина сум пресреќен што овој објект ја добива својата суштина, ја добива својата вистинска намена. А тоа е да биде дом за дечињата кои што тука ќе можат да ги поминуваат своето детство, еве така да кажеме, најубавите денови во својот живот. Ние како Влада, како што веќе слушнавте и од страна на претставниците на меѓународната заедница, почитуваните амбасадори, во најскоро време ќе дадеме согласност за вработување на кадар и на тој начин сето она кое што е инвестирано и направено ќе биде ставено во функција“, рече Мицкоски

Тој додаде дека повеќе нема да има листа на чекање за запишување деца во градинка во Општина Шуто Оризари, односно капацитетите ќе бидат целосно исполнети.

„Ако бројката беше 4.500 на почетокот од мандатот на оваа Влада, целта е на крајот на мандатот од оваа Влада да имаме нула дечиња кои што ќе бидат на листа на чекање. Мислам дека и порано тоа ќе го реализираме, но се зависи од динамиката на изградба на објектите“, рече Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk