logo
logo
logo

СИЛЕН РАСТ НА ГРАДЕЖНИШТВОТО - 21,9 насто повеќе од лани

Vecer | 04.09.2026

СИЛЕН РАСТ НА ГРАДЕЖНИШТВОТО - 21,9 насто повеќе од лани

Во второто тромесечје од 2026 година градежништвото порасна за големи 21,9 проценти  споредено со истиот период минатата година, објави на својот фејсбук профил, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. 

Тој истакнува дека се завршени работи во вкупна вредност од 14,9 милијарди денари или приближно 242 милиони евра и оти растот на градежништвото е добар поддржувач на домашната економија.

- Овие бројки покажуваат дека политиките на Владата даваат резултати, инвестициите во: автопати, експресни патишта, железница, над 1200 проекти во општините, аеродроми ќе продолжат со уште позасилено темпо. Ја поставуваме државата вистинска стратешка раскрсница на Балканот. Ја градиме Македонија - напиша заменик претседателот на Владата, Николоски.  

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk