logo
logo
logo

ВИ ПРЕЧИ ЧАДОТ ОД ПОЖАРИТЕ? Помислете на тие што се лице в лице со пеколот!

Vecer | 06.09.2026

ВИ ПРЕЧИ ЧАДОТ ОД ПОЖАРИТЕ? Помислете на тие што се лице в лице со пеколот!

Голем пожар кој премина од косовската страна веќе неколку дена е активен на македонска територија, а силниот чад и непријатната миризба ги преплавија повеќето скопски населби. Поради неповолните ветрови, густиот чад се спушта кон главниот град, додека противпожарните екипи и доброволците секојдневно се соочуваат со огнот на терен.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, информираше дека пожарот вчера бил ставен под делумна контрола и се очекува негово целосно ликвидирање, упатувајќи апел за почит кон сите што се борат со пламените. Сериозноста на ситуацијата наложи и интервенција на македонскиот полициски хеликоптер на територијата на Косово во реонот на Елез Хан, за да им даде поддршка на косовските противпожарни служби.

„Кога ветрот е неповолен скопјани чувствуваат непријатен мирис кој доаѓа од чадот од овој пожар. Но, тогаш кога на граѓаните ќе им замириса чад од овој пожар нека помислат на сите пожарникари и сите доброволци и екипи кои учествуваат во гасењето и секојдневно се лице в лице со огнот“, рече Ангелов.

Според податоците на Центарот за управување со кризи (ЦУК), заклучно со утрово се регистрирани вкупно 30 пожари на отворен простор, од кои 6 се сè уште активни, 5 се ставени под контрола, а 19 се целосно изгаснати.

Покрај критичната точка во Општина Ѓорче Петров кај селата Грачани и Никиштани, активни жаришта има и во следните региони:

  • Општина Македонски Брод, кај село Белица (месност Кајорец) каде гори нискостеблеста и мешана шума
  • Општина Чучер-Сандево, во атарот на село Брест
  • Општина Кичево, на две локации кај селата Кнежино, Добреноец и кај Тајмиште (место викано Дарда)
  • Општина Ново Село, во непосредна близина на село Стиниќ

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk