logo
logo
logo

СВЕТСКО ПРИЗНАНИЕ И ГЛАСЕН АЛАРМ - Охридската пастрмка е највкусна во светот, но...!

Vecer | 05.08.2026

СВЕТСКО ПРИЗНАНИЕ И ГЛАСЕН АЛАРМ - Охридската пастрмка е највкусна во светот, но...!

Познатата гастрономска платформа „ТејстАтлас“ (TasteAtlas) ја прогласи Охридската пастрмка за најдобра во светот на својата најнова ранг листа за оваа вкусна риба, на која се осум видови од целиот свет.

Според истиот извор, станува збор за најценетата пастрмка во светот, салмонидна риба која е ендемичен вид и живее во Охридското езеро, кое го делат Македонија и Албанија, а може да се најде и во реките кои се поврзани со езерото.

Охридската пастрмка е позната по своето нежно, розево месо и специфичниот вкус, поради што со години се смета за вистински кулинарски специјалитет. Но, поради прекумерен риболов, нелегален лов и недоволни мерки за заштита, нејзината популација е загрозена, потенцираат од „ТејстАтлас“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk