logo
logo
logo

ВЕНКО КООРДИНИРА ХИСТЕРИЈА ОД ЈАХТАТА НА ЗАЕВ, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Vecer | 14.08.2026

ВЕНКО КООРДИНИРА ХИСТЕРИЈА ОД ЈАХТАТА НА ЗАЕВ, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Венко Филипче од луксузната јахта на својот ментор Зоран Заев координира напади и дава инструкции на партиските послушници од СДС да шират дезинформации на социјалните мрежи за наводно загадена вода во Скопје, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека СДСМ крие и се срами да каже дека нивниот лидер и чуварот на фотелјата на Заев на Бихаќка се на заеднички одмор на јахтата на Заев на Егејот каде се луксузираат со украдените народни пари, нивните партиски послушници по насока на Филипче креираат паника и хаос за водата во Скопје. Венко Филипче од 6 август со својот мотор заминал преку граничниот премин Богородица по инструкции од Заев и од јахтата на Заев координира напади и ширење дезинформации за водата во Скопје“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Во недостаток на визија и идеи за државата, се додава во соопштението, предавничкиот тандем Заев-Филипче единствено што можат е да шират лажни вести за водата, да нарачуваат штрајк на струмичките земјоделци и одгледувачи на пиперки додека во исто време манипулираат со ниските откупни цени преку фирмата на Заев, „Мамас“.

„Додека Филипче од јахтата на Заев на Егејот ужива и дава инструкции за напади и ширење дезинформации во Скопје на површина излезе целиот талог на СДСМ. Филипче и СДСМ да не си поигруваат со здравјето и безбедноста на граѓаните, водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење. Водата не смее да биде инструмент на безидејната СДСМ и очајниот Филипче да соберат политички поен плус“, порача ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче призна дека е на одмор на јахтата на Заев, ама успат поминал да се слика со насилниците од Ново Село, се додава во соопштението.

„Вчера, на новинарско прашање, лидерот на талогот во СДСМ, Венко Филипче, призна дека е на одмор на јахтата кај Зоран Заев во Грција, но кажа дека патем се однесувал одговорно и успат кон Грција бил и во Ново Село, каде се сликаше со насилниците и наркодилерите преку кои хушкаше инцидент на народен собир. Работниот дел од одморот на тандемот Венко-Заев беше уценување на струмичките пиперкари и земјоделци преку ниски откупни цени, преку компанијата на Заев за ајвар „Мамас“. Потоа, ширење дезинформации и лаги за наводно загадена вода за пиење во Скопје, како и ширење дезинформации за состојбата со водата во Гостивар. Работното лето на Венко од јахтата на Заев продолжи со бунтување против прославата за независност и броење колку пати се појавил Киро Глигоров на спотот, а не се појавил Зоран Заев итн. Веројатно раатот на Филипче ќе го расипат пожарите на Халкидики, но и доволно штета ѝ нанесоа на државата, така што Филипче може да се врати од одмор со Заев“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk