logo
logo
logo

Ако треба и фактура по фактура...

ПОД ЛУПА 600 ПРОИЗВОДИ - Детална анализа на цените

Vecer | 29.06.2026

ПОД ЛУПА 600 ПРОИЗВОДИ - Детална анализа на цените

Премиерот Христијан Мицкоски најави детална анализа на цените на прехранбените производи, посочувајќи дека лично е вклучен во процесот на идентификување на производите што влијаат врз потрошувачката кошница.

„Детално навлегуваме во оваа проблематика. Лично се занимавам во идентификување на тие 600 производи кои што влегуваат во статистиката и лично јас го имам тоа како врвен приоритет. Добро е што Еуростат излезе со параметар во кој штои вели основната потрошувачка кошница во Македонија е најевтина во Европа, убедливо најевтина со некаде 49,7% од европскиот проесек“, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на прехранбените производи.

-Дали е тоа доволно, не е доволно. Дека треба да работиме, ќе работиме и јас лично работам на методологија на идентификување на тие 600-700 производи кои што статистички се мерат и дирекно на нив ќе одиме, ако треба фактура по фактура. Еден по еден производ ќе ги анализираме, истакна Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk