МЕРЦЕДЕС ОД 44.000 ЕВРА ИЛИ КОЛА ОД 6.000? ВМРО-ДПМНЕ прашува што крие Филипче во анкетниот лист

Vecer | 26.10.2026

МЕРЦЕДЕС ОД 44.000 ЕВРА ИЛИ КОЛА ОД 6.000? ВМРО-ДПМНЕ прашува што крие Филипче во анкетниот лист

Венко Филипче стана препознатлив по спорните изјави, лагите и манипулациите во јавноста. Во изминатиот период на виделина излегоа повеќе лаги. Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за анкетите, за златната виза, лажно си го вакцинираше внучето и еден куп други лаги, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

‒ На лагите на Филипче им нема крај. Венко Филипче мора да одговори на јавноста, зошто зборува за автомобил од 6.000 евра, кога во анкетниот лист се наведени други возила? Филипче зборува за автомобил од 6.000 евра, но во анкетниот лист, според достапните наводи, се пријавени две моторни возила, „мерцедес“ во вредност од околу 44.000 евра, како и мотор вреден околу 25.000 евра. Тогаш, каде е автомобилот од 6.000 евра? Дали станува збор за друго возило? Дали има разлика меѓу јавно кажаното и пријавениот имот? Има ли дополнителни информации што Филипче треба да ги соопшти за да се расчистат сите дилеми? Кај Филипче и СДС нема транспарентност и одговорност има само лаги и манипулации, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија порачуваат дека Филипче треба јавно да објасни што точно поседува, дали целиот имот е уредно пријавен и на што се темелат неговите изјави за вредноста на возилото.

‒ Ако се е чисто, документите и фактите треба да го потврдат тоа. Ако постојат разлики, јавноста заслужува јасно објаснување. За хронични лажговци и манипулатори нема место во политиката. Граѓаните очекуваат работа, дела и конкретни резултати, а не политичари како Филипче кои на секој втор збор лажат, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk