logo
logo
logo

ШТО СЕ СЛУЧУВА ЗАД ЗАТВОРЕНИ ВРАТИ? Се вратија разговорите за нов Изборен законик

Vecer | 15.09.2026

ШТО СЕ СЛУЧУВА ЗАД ЗАТВОРЕНИ ВРАТИ? Се вратија разговорите за нов Изборен законик

Усвојувањето на Изборниот законик од страна на сите политички партии сè уште е во фаза на преговори. По промената во Министерството за правда, има напори за усвојување на овој закон, истакна заменик-претседателот на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, кој денеска одговараше на новинарски прашања на теми европска интеграција и реформи за нашата земја.

– Вие знаете, тој закон беше едногласно прифатен од повеќе политички фактори, да кажам политички партии, кои се дел од Собранието, меѓутоа во последен момент се повлекоа две политички партии, не ги поддржаа овие измени. По промената во Министерството за правда, веќе има напори за усвојување на овој закон, меѓутоа тоа е во фаза на преговори сè уште, изјави Сали.

Прашан дали се работи и на Кривичниот законик, вицепремиерот Сали одговори потврдно и посочи дека новиот министер за правда е посветен и на тоа.

​- Новиот министер е посветен и на Кривичниот законик, така што сметам дека тоа се закони што бараат поширок консензус и поддршка од повеќе нивоа. Министерот работи и се надевам дека ќе успее да се реализира крајната цел, истакна Сали.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk