ЕУ ЌЕ ЈА НАГРАДИ МАКЕДОНИЈА СО 10% ПОВЕЌЕ ПАРИ: Црна Гора и Албанија добиваат по 15%, другите остануваат без дел од средствата!

Vecer | 25.11.2026

ЕУ ЌЕ ЈА НАГРАДИ МАКЕДОНИЈА СО 10% ПОВЕЌЕ ПАРИ: Црна Гора и Албанија добиваат по 15%, другите остануваат без дел од средствата!
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Добри вести за Македонија од Брисел! Европската комисија планира зголемување од 10 проценти на финансиските средства за земјава во рамките на Планот за раст на Западен Балкан, додека Црна Гора и Албанија ќе добијат по 15 проценти повеќе. Србија, Косово и Босна и Херцеговина се меѓу земјите што ќе изгубат дел од предвидените средства поради заостанување со реформите и пропуштени рокови. Кој напредува, а кој губи европски пари?

Губитници се другите три земји од регионот: Србија, Косово и Босна и Херцеговина. Комисијата ја финализираше својата проценка и соопштението би можело да дојде „многу наскоро“, рече трет претставник.

Прераспределбата е во рамките на Планот за раст на ЕУ од 6 милијарди евра, започнат во 2023 година, кој ја поврзува финансиската поддршка со напредокот на реформите.

Самитот почнува денес попладне во 17 часот, Антонио Кошта и Урсула фон дер Лајен ќе имаат прес-конференција во 19,15 часот, а од 20 часот ќе има работна вечера.

Лидерите на денешниот самит ќе разговараат за имплементацијата на Планот за раст. Пораката што ќе биде упатена е ако реформите одат бавно и роковите се пропуштаат парите ќе ги добие некој друг.

Ова е трет самит ЕУ-Западен Балкан за помалку од 12 месеци – знак на обновен политички моментум зад проширувањето и невидено забрзување во преговорите за пристапување, рече друг функционер на ЕУ.

Друга работа што треба да се следи е изјавата наречена Бриселска декларација што треба да се објави по самитот. Земјите од ЕУ се согласија за текстот, а сега е на владите на Западен Балкан да се приклучат. Со неа треба да се обнови акцентот на европските вредности. „Очекуваме партнерите да отфрлат какво било величење на воените злосторници, негирање на геноцид и ревизионизам“, рече функционер на ЕУ за „Политико“, осврнувајќи се на неодамнешниот погреб на Ратко Младиќ, поранешниот командант на војската на босанските Срби и осуден воен злосторник.

Засега не се знае кој ќе ја претставува Србија затоа што единствениот функционер именуван по изборите, претседателот на собранието, Алексанадр Чупиќ (кој е и в.д. претседател на Србија) се заблагодари на поканата на Кошта поради преголемите обврски дома.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk