logo
logo
logo

ЕКОНОМИЈАТА РАСТЕ ПОБРЗО СО ВМРО-ДПМНЕ, тврди Стојаноски: 3,5% наспроти 1,9%

Vecer | 07.09.2026

ЕКОНОМИЈАТА РАСТЕ ПОБРЗО СО ВМРО-ДПМНЕ, тврди Стојаноски: 3,5% наспроти 1,9%

Економскиот раст повторно е во фокусот на политичката дебата, откако пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски излезе со споредба на реалниот раст на БДП во периодот на актуелната и претходната власт. Според податоците што ги презентира Стојаноски, во последните осум квартали земјава бележи повисока просечна стапка на економски раст во споредба со седумгодишниот период на владеење на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ/ДУИ, со што тој прави директна споредба на економските резултати меѓу различните периоди на владеење.

„Јасно да ја воочиме разликата во економскио раст. За владата на СДС/ДУИ го земаме периодот Q2 2017 – Q2 2024, вкупно 29 квартали. За ВМРО-ДПМНЕ го земаме периодот Q3 2024 – Q2 2026, вкупно 8 целосни квартали. Мериме реален годишен раст на БДП во однос на истиот квартал претходната година. Во 29-те квартали од Q2 2017 до Q2 2024 просечното темпо на реален економски раст е околу 1,9%. Во првите 8 целосни квартали на актуелната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е околу 3,5%“, посочува Стојаноски.

Тој нагласува дека разликата изнесува над 1,9 процентни поени во корист на сегашната влада, односно над 90 проценти повисоко просечно темпо на раст.

Во соопштението се прави анализа и со исклучување на кризните години на пандемијата.

„И за никој да не каже дека споредбата ја искривува времето на ковид, ако целосно ги извадиме 2020 и 2021 година, претходниот просек е околу 2,5%. Односно ако од пресметката ги извадиме целосно 2020 и 2021 година, просекот на раст е 2,5% наспроти 3,5 проценти на сегашната влада. Значи и без ковид сегашното темпо на раст е околу 40% повисоко“, наведува пратеникот.

На крајот, Стојаноски заклучува дека податоците од Државниот завод за статистика укажуваат и на стабилност на економијата.

„А разликата не е само во просекот — туку и во стабилноста. Според кварталните соопштенија на ДЗС, осум квартали по ред економијата расте со најмалку 3%, а најновиот раст е 4,3%. Бројките директно покажуваат каква е разликата“, истакнува Стојаноски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk