logo
logo
logo

ШТИП СЕ РАЗВИВА: Нова спортска сала „Џексон”, катна гаража и богата културна понуда

Vecer | 27.09.2026

ШТИП СЕ РАЗВИВА: Нова спортска сала „Џексон”, катна гаража и богата културна понуда

2026 година, е година на продолжена работа, конкретни резултати и видливи промени за Штип. Година во која продолживме да инвестираме во подобра инфраструктура, подобри услови за живот и поголема поддршка за децата, младите и сите граѓани, вели Иван Јорданов, градоначалник на Општина Штип.

-Во текот на оваа година обезбедивме финансиска поддршка за семејствата на децата со попреченост од прво до деветто одделение, вклучени во редовната настава во сите општински основни училишта, преку Програмата за социјална, детска и здравствена заштита за 2026 година. Продолжува и континуираната поддршка за младите преку доделување стипендии на ученици и спортисти од основните и средните училишта, рече тој.

Деновиве започнува и распределбата на бесплатни униформи во сите основни училишта за ученици до петто одделение.

-Штип продолжи да се развива со нови инвестиции во патната инфраструктура и реконструкција на улици „Питу Гули“, „Џемал Бједиќ“ и улицата „Кежовица“,. По пет децении, целосно е реконструирана и повторно ставена во функција улицата „Борис Кидрич“. Во месноста Бело Брдо и населба Леваци во моментив се реализира целосна реконструкција на патната инфраструктура, стара повеќе од 60 години. Започнаа и градежните активности за нова сообраќајница која ги поврзува улиците „Тодор Коларов“ и „Мирче Ацев“, со што се подобрува пристапноста до СОУ „Јане Сандански“ и новата Клиничка болница, а воедно и ќе се намали сообраќајниот метеж. Во делот на паркирањето, изградена е нова катна гаража на три нивоа со капацитет од 50 возила, веднаш до зградата Промаја. Дополнително, обезбедени се нови паркинг-позиции во населбата Пребег, а нови паркинг површини се изградија и во дворот на спортската сала „Јордан Мијалков“ и кај „7-те кули“, во близина на Економскиот факултет, рече Јорданов.

Паралелно, продолжува со капиталните проекти, изградба на Обиколница, нови резервоари за вода, како и изградба и реконструкција на мостовите на реката Брегалница.

-Работиме и на создавање нов зелен појас, мега-парк на површина од околу 70.000 квадратни метри покрај река Брегалница. Во делот на сообраќајот, Штип е првата општина во Република Македонија која воведе софистициран и автоматизиран софтвер за евиденција и наплата во дејноста јавни паркинзи. Поддршката за спортските клубови е поголема од било кога досега, а во употреба е пуштена и новата спортска сала „Џексон“, со капацитет од 1.300 посетители вистински спортски храм во градот. Штип е град на културата, втора година по ред успешно беше организиран ,,Д Фестивал“ во Штип, со што градот повторно беше еден од главните центри на културните и музичките случувања во Македонија. Продолжуваме со финансирање и организрање на Макфест, Astibo Jazz Festival, Пастрамајлијада, Shtip street festival, Piano golden talents и многу други настани кои го промовираат Штип, привлекуваат посетители и носат дополнителна економска активност за локалниот бизнис, наведе градоначалникот во отчетот.

Сето ова е дел од една пошироката определба Штип да продолжи да се развива и да создава подобри услови за живот и повеќе можности за своите граѓани.

-Во периодот што следува продолжуваме со истата посветеност, со нови проекти и активности, но и со јасна одговорност кон она што го ветивме и што го работиме за нашиот град. Верувам дека со континуирана работа и заеднички ангажман можеме да направиме Штип да биде уште подобро место за живеење и град со сигурна перспектива за идните генерации, рече Јорданов.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk