НА НЕКОЈ НЕ МУ ОДГОВАРА ЧИСТО СКОПЈЕ: Ѓорѓиевски се сомнева дека палењето контејнери е политички мотивирано

Vecer | 15.11.2026

НА НЕКОЈ НЕ МУ ОДГОВАРА ЧИСТО СКОПЈЕ: Ѓорѓиевски се сомнева дека палењето контејнери е политички мотивирано
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски соопшти дека синоќа биле запалени повеќе контејнери во Ново Лисиче и на булеварот „Македонско-косовска бригада“. и бара МВР да ги расчисти случаите и да ги најде сторителите.

„Во услови кога набавивме 3.300 нови контејнери и го решивме проблемот со сметот, очигледно дека на некој не му одговара чисто Скопје и развојот на градот. Ова е удар врз сите скопјани и врз заедничкиот имот, платен со нивни пари. А ако со ова некој мисли дека мене лично ми прави штета, се лаже. Прави штета на градот, овие контејнери се купени со парите на скопјани“– пишува тој на „Фејсбук“.

Го повикува МВР веднаш да ги провери снимките од „Safe City“, да ги пронајде сторителите и да испита дали палењата се организирани и политички мотивирани.

„Барам одговорност. Наскоро го завршуваме поставувањето на 200 градски камери за посилен надзор и откривање на ваквите појави и за кои апсолутно нема да има никаква толеранција. Чувајте го Скопје и пријавувајте вандализам. Нема да дозволиме некој да си поигрува со градот. Со законите нема поигрување“ – напиша градоначалникот на Град Скопје во објава на својот профил на „Фејсбук“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk