Дали имавме среќа и летово: ЈУЖНО И СЕВEРНО ПОЖАРИ И СУША, а еве какво време не чека нас

Vecer | 05.08.2026

Дали имавме среќа и летово: ЈУЖНО И СЕВEРНО ПОЖАРИ И СУША, а еве какво време не чека нас
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Последниве години Македонија има среќа со времето. Барем пет години нанзад во зима и на есен поширокиот регион редовно се соочува со поплави, силни ветрови а во зимските месеци со обилни врнежи на снег и долготарен мраз кој е закана за луѓето, економијата и инфраструктурата. Кај нас имавме благи умерени зими и лета без екстремни последици.

Ова лето поширокиот регион се соочува со суша, губење вода во големите реки до ниво што Дунав на поедини места е длабок само 50 сантиметри, со губиток на ниво на водата од претходни најмалку три до пет метри ниво на вода на тие емста поради што запираат работа хидроцентралите и нуклеарните централи кои таа вода од реката ја користат за ладење на реакторите.

Веќе неколку дена кај нас температурата дење е од 37 до 40 степени, а најавите се дека таквото време не чека и во наредните десетина дена, особено следната недела. Проблеми со вода немаме, и нема да имаме во тој критичен период до средината на август, а потоа се очекува и стабилизација, залаудување кое е стандардно за тоа време во годината.

Од УХМР додаваат дека периодот на сончево и многу топло време ќе продолжи и во следните денови, а дневната температура во некои места ќе достигне до 40 степени Целзиусови.

Повремено, во планинските региони, ќе има услови за краткотраен дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Кој мисли дека е неиздржливо жешко нека помисли како е северно и јужно од нас: нема вода, пожари долги со километри а струјата секој ден може да секне. Овде е сепак нормално за лето.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk