logo
logo
logo

БЕЗБЕДЕН ГРАД И ВО СТРУМИЦА, ШТИП и БИТОЛА, еве кога стартува

Vecer | 17.09.2026

БЕЗБЕДЕН ГРАД И ВО СТРУМИЦА, ШТИП и БИТОЛА, еве кога стартува

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски очекува проектот „Безбеден град“ да биде имплементиран на територијата на целата држава до крајот на годинава или најдоцна до почетокот на 2027 година, нагласувајќи дека системот веќе функционира во повеќе градови и оти претставува важна алатка за зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на бројот на жртви на патиштата.

Системот веќе е воспоставен во Скопје, Куманово, Тетово и во рамки на СВР Велес, а следни за имплементација се СВР Охрид, Струмица и Штип, а до крајот на гоинава и во Битола.

„Скопје, Куманово и Тетово како СВР веќе се покриени. Го пуштивме во употреба во рамки на СВР Велес, тоа е Кавадарци, Неготино, Демир Капија и Велес. Наредно СВР каде што ќе биде имплементиран е СВР Охрид. Потоа следи СВР Струмица и Штип, и на крајот се надевам дека во рамки на оваа година, или, пак, јануари 2027 година, ќе го имплементираме и на територија на СВР Битола. Тоа е најголемиот предизвик за нас од аспект на мрежно поврзување со централниот систем. Но, како и да е, дали до крајов на оваа година или почетокот на наредна година, во секој случај ќе го имаме имплементирано на територија на цела Македонија“, рече министерот во гостувањето во централниот „Дневник“ на Македонската радио-телевизија.

Тој нагласи дека сообраќајната безбедност останува еден од најголемите предизвици, имајќи предвид дека значителен дел од криминалитетот е поврзан токму со сообраќајот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk