Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на денешната собраниска седница обзнани факт за апсењето на претседателот на младината на политичката партија Левица. Тој кажа дека ова е факт кој досега не бил изнесен во јавноста.
– Не е точно дека е уапсен претседателот на младината на Левица, заради тоа што веел некакво знаме. Претседателот на младината на Левица е уапсен е заради тоа што на дечиња од 14 и 16 години, кои што играле фудбалска утакмица, им се обраќал со зборот ,,убијци” – рече Тошковски и додаде:
– Вашиот претседател на младина им се обратил со зборовите убијци, на фудбалски натпревар. И сега што треба направи полицијата? Фризурата да му ја направи? Или требало да го отстрани од стадионот на којшто присуствувал и се однесувал така како што се однесувал.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата