„БЛИСКУ ТИ Е ВРАЊЕ, ВНИМАВАЈ КОГА ЗБОРУВАШ ЗА АЛБАНЦИТЕ“ - Жестоки реакции по изјавите на Димитриевски

Vecer | 09.11.2026

„БЛИСКУ ТИ Е ВРАЊЕ, ВНИМАВАЈ КОГА ЗБОРУВАШ ЗА АЛБАНЦИТЕ“ - Жестоки реакции по изјавите на Димитриевски
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Жестоки реакции од албанскиот политички блок предизвика ставот на ЗНАМ дека правосудниот испит треба да се полага само на македонски јазик и дека тие ќе ја напуштат Владата ако помине предлогот на министерот за правда Јетон Шасивари испитот да се полага комбинирано – теоретскиот дел на албански, а практичниот на македонски јазик, пренесува „Слободен Печат“.

„Блиску ти е Врање“, „Албанците се државотворен народ во Македонија и се 29 отсто во државата“, „внимавај кога зборуваш за Албанците“, „шовинистички изјави“, се само дел од пораките упатени до лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски.

Пратеникот на Алијанса за Албанците Ријад Шаќири за изјавата на Димитриевски, дека Албанците се „мала група граѓани“ и дека правосудниот испит може да се полага само на македонски јазик реагира дека Албанците не се гости во Македонија.

-И оваа држава им припаѓа на Албанците! Албанскиот јазик не е привилегија, туку право. Ако не ви се допаѓа оваа реалност, Врање е блиску – вели Шаќири.

Пратеничката на Албанска лига Илире Даути, пак, му порача на Димитриевски да не меша баби и жаби. Таа на социјалните мрежи порача дека Албанците сочинуваат 29,5 проценти од населението, додека Македонците сочинуваат 54,2 проценти.

„Мала група граѓани“, Албанците сочинуваат 29,5 отсто, а Македонците 54,4 проценти, значи повеќе од половина од нив. Заедница со ваква демографска застапеност тешко може да се нарече мала, освен во „политичката математика“, напиша Даути.

Пратеничката му порача на Димитриевски да биде внимателен кога зборува за Албанците и за албанскиот јазик.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk