БРАН ТЕЛЕФОНСКИ ИЗМАМИ ВО ШТИП - Не наседнувајте!

Vecer | 09.11.2026

БРАН ТЕЛЕФОНСКИ ИЗМАМИ ВО ШТИП - Не наседнувајте!
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Во изминатиов период во СВР- Штип има зголемен број на пријави за поголем број на кривични дела „измама“ и „обид за измама“. Во пишано соопштение од СВР-Штип се наведува дека најчесто непознати лица од странски телефонски број се јавуваат на повозрасни лица и вршат измама на начин што на лицата им соопштуваат дека нивни блиски, роднини, внуци и слично имаат повреди и над истите треба да се изврши итна операција, за што побаруваат поголеми износи на парични средства со што ги доведуваат оштетените во заблуда, при што лицата даваат пари од своите заштеди и вршат штета на својот имот.

-СВР Штип апелира до граѓаните доколку добијат вакви или слични повици веднаш да пријават на бесплатниот телефонски број 112 за преземање на мерки и откривање на сторителите-соопштуваат од СВР-Штип.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk