logo
logo
logo

СЕКСУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ПОВЛЕЧЕНО ОД УЧИЛИШТАТА - Ќе се прави ревизија

Vecer | 09.09.2026

СЕКСУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ПОВЛЕЧЕНО ОД УЧИЛИШТАТА - Ќе се прави ревизија

Изборен предмет Сеопфатно сексуално образование во средно образование ќе нема. МОН одлучи да ја повлече наставната програма за да се направи ревизија. Ова денеска го соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска по реакциите за воведувањето на овој предмет по избор за средношколците од прва до четврта година. 

- Ние ги повлековме во овој момент програмата и предметот и ќе направиме длабока ревизија по барање на јавноста, да видиме дали навистина во програмата има нешто за што би можело да има забелешки. Инаку, во програмата има теми: семејство, има заштита од сексуално преносливи болести, има заштита од несакана бременост, има рамноправност на половите, има тема за недискриминација меѓу половите. Но, повторувам, веќе го замолив Бирото за развој на образованието, оти јас не сум стручна, но и лично ќе се ангажирам, збор по збор да ја поминеме програмата, да видиме што е тоа што е проблем во неа - изјави Јаневска. 

Како што рече, постојат научни докази дека сексуалното образование во средното образование е корисно во периодот кога децата на таа возраст се соочуваат со темите обработени во овој предмет. Посочи дека предметот бил изборен и можело да го слушаат само средношколците што сакаат, од прва до четврта година.

- Меѓутоа, должност на министерот за образование и наука е да ги слушне сите што имаат какви било коментари за образовниот систем - додаде Јаневска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk