logo
logo
logo

ИЗВОРСКА ЈУНИОР пренесува еко пораки преку проектот ЕКО авантура

Vecer | 03.12.2025

ИЗВОРСКА ЈУНИОР пренесува еко пораки  преку проектот ЕКО авантура

Во изминатиот период, во речиси сите градинки во Скопје се реализираше едукативниот проект на Изворска Јуниор - „ЕКО авантура“.

Одиграни беа преку 60 претстави пред повеќе од 11.000 присутни мали гледачи, а караванот продолжува и во другите градови низ државата.

Преку „ЕКО авантура“, Изворска Јуниор ја пренесува пораката дека грижата за себе и грижата за природата се учат паралелно. Децата преку игра, приказна и интеракција добиваат први навики за хидратација, правилно справување со отпад и почит кон средината во која растат.

Претставата е во продукција на Триангл, а режијата е на Десанка Глигоријевиќ. Содржината е прилагодена за детска возраст и на едноставен начин ги објаснува темите за рециклирање и чиста животна средина. Воспитувачите ја опишуваат како корисна за секојдневната работа со децата, а претставата лесно се вклопува во програмите за учење преку игра.

„ЕКО авантура“ е само еден од начините преку кои компанијата Кожувчанка ја покажува својата долгорочна ориентација кон децата како наша иднина и млади луѓе кои ќе ја градат свеста за околината во која живеат.

Со Изворска Јуниор како дел од овој проект, пораката е едноставна:

Кога навиките за хидратација и грижата за природата се градат уште од најмала возраст, тие остануваат со нас цел живот!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk