logo
logo
logo

Бензинот за 4, дизелот за 7!!!

Официјално - ГОЛЕМО ПОЕВТИНУВАЊЕ НА ГОРИВАТА, од полноќ!

Vecer | 22.06.2026

Официјално - ГОЛЕМО ПОЕВТИНУВАЊЕ НА ГОРИВАТА, од полноќ!

Одлични вести за сите возачи во Македонија пред претстојниот викенд и летните патувања! Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) пресече, од полноќ стапуваат на сила нови, значително пониски цени на нафтените деривати.

Според новата одлука, малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за дури 7,00 денари по литар.

Сериозен пад има и кај бензините:

Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 3,50 денари и неговата нова цена ќе изнесува 84,00 денари за литар.

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за 4,00 денари, што значи дека од полноќ ќе се продава по цена од 86,00 денари за литар.

Новите цени на горивата ќе важат во следните денови до новата редовна или вонредна одлука на Регулаторната комисија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk