Последниот состанок на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Бугарија и Македонија, кој се одржа на 5 и 6 ноември во Скопјe, завршил без резултати, објави БТА.
Бугарските претставници повторно не успеаја да постигнат договор со своите колеги од С Македонија за претставување на Охридската архиепископија во учебниците по историја, а предлогот за заедничко одбележување на годишнината од смртта на Дамјан Груев беше дочекан со молчење.
Ова е уште еден доказ за продлабочувањето на стагнацијата во работата на телото, кое требаше да помогне во надминување на историските противречности и градење добрососедски односи меѓу двете земји, оценува угарскиот медиум.
За време на состанокот, бугарската страна повторно предложила заедничко одбележување на Дамјан Груев, а во декември 2026 година се навршуваат 120 години од смртта на револуционерот, една од значајните личности како што се смета и во историја на Бугарија и во Македонија. Сепак, иницијативата, според истиот извор, не добила одговор од македонските претставници.
Наместо тоа, македонската страна презентирала претходно подготвен текст за заедничко одбележување на отпорот против антисемитизмот, фашизмот и националсоцијализмот, кој започна во двете земји во 1941 година. Бугарските претставници го отфрлиле предлогот, тврдејќи дека овој отпор се одбележува низ цела Европа и не треба да се ограничува на билатерална иницијатива, додека работата на комисијата продолжува да се фокусира на нерешени прашања од 11 век.
Ова е петти состанок на комисијата за 2026 година. За време на состанокот, бугарските историчари уште еднаш потсетиле на очекувањата на Европскиот парламент и Европската комисија за постигнување јасни и конкретни резултати.
Во извештајот на Европската комисија, исто така, се забележува дека се одржани четири состаноци помеѓу септември 2025 година и март 2026 година, без да се постигнат никакви конкретни резултати.
Следниот состанок е закажан за почетокот на декември во Софија.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата