СДСМ СОЗДАВА ХАОС СО УМИСЛА, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ

Vecer | 07.11.2026

СДСМ СОЗДАВА ХАОС СО УМИСЛА, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Јавното обвинителство не смее да молчи за ширењето паника за Алта банка од страна на СДСМ и на Венко Филипче, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ свесно и со умисла создаваат хаос, предизвикуваат немир и вознемиреност кај граѓаните и директно ја рушат довербата во институциите и банкарскиот систем само поради политички поен плус, верувајќи дака на тој начин повторно ќе се факторизираат иако се во политички нокдаун, порача партијата.

„Функционери на СДСМ, предводени од Венко Филипче, изнесуваат јавни тврдења и обвинувања кои не се проверени и не се потврдени дали имаат фактичка основа и на тој начин создаваат недоверба кај граѓаните. Креирање страв, ширење лаги и манипулации се дел од политичката стратегија на СДСМ со цел да остварат некој политички поен плус, а со тоа свесно ѝ прават штета на државата“, предупреди ВМРО-ДПМНЕ.

Случајот со Алта банка, додава партијата, не смее да биде предмет на дневнополитички манипулации, ниту пак финансиската сигурност и довербата на граѓаните да се користат за собирање евтини политички поени.

„Затоа институциите мора да постапат. Го повикуваме Јавното обвинителство да реагира по член 315 од Кривичниот законик, за делото саботажа, каде што стои: Тој што во вршењето на својата работна обврска со намера да го загрози уставниот поредок или безбедноста на Република Македонија на прикриен, подмолен или друг начин, ќе предизвика значителна штета за државен орган, установа или правно лице во кое работи или за друг државен орган, установа или правно лице, ќе се казни со затвор најмалку три години. Кај СДСМ со држењето на прес-конференции пред виталните државни институции како што е Народна банка и нејзино секојдневно обвинување гледаме основи за ваквото дело, затоа што свесно и со умисла сакаат да предизвикаат штета на државен орган, правно лице, како и на штедачите, односно македонските граѓани“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Ова не е првпат СДСМ и Филипче да отвораат теми со драматични најави и обвинувања, потсети партијата.

„Слични политички дебати имаше и околу договорот со Обединетото Кралство кога СДСМ велеше дека ќе дојдат мигранти, ИПАРД-програмата, извештајот на Томас Вајц, исплатата на пензиите, унгарскиот кредит, водата во Гостивар, а сега и со Алта банка. Јавното обвинителство мора да одговори на едно едноставно прашање: дали во оваа држава секој може без одговорност да пласира тврдења што можат да предизвикаат вознемиреност кај граѓаните и да ја нарушат довербата во финансиските институции“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Го повикуваме ЈО да отвори случај по допрен глас и да реагира, апелира партијата..

„Јавното обвинителство мора да постапува по закон. Молкот не смее да биде одговор“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk