logo
logo
logo

ДА СОЗДАДЕМЕ УСЛОВИ ЗА ДА СЕ ВРАТИ ДИЈАСПОРАТА - Сиљановска - Давкова на средба со Македонците во Австрија

Vecer | 28.09.2026

ДА СОЗДАДЕМЕ УСЛОВИ ЗА ДА СЕ ВРАТИ ДИЈАСПОРАТА - Сиљановска  - Давкова на средба со Македонците во Австрија

Во пресрет на 22. Европски самит во Салцбург, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се сретна со македонските православни верници, кои неодамна формираа нова црковна општина” Св. Архангел Михаил” во Халејн.

Пред црквата „Св. Антониј”, најпрво ја поздравија најмладите членови на македонската заедница, облечени во македонски носии.

Таа ги информираше за Националната стратегија за дијаспора и за Советот за дијаспора, за активностите врзани за Изборниот законик, како и за евроинтеграциите, а тие ја запознаа со работата и животот, изразувајќи задоволство од односот на австриската држава и општество кон нив.

Посебна благодарност изразија кон Маркус Данер, раководител на Парохискиот сојуз на Халејн за можноста да го користат просторот на Католичката црква за вршење на своите верски обреди.

Сиљановска-Давкова помина незаборавни мигови во друштво на нашинците и на благородниот католички свештеник Маркус, посакувајќи да создадеме услови за нивно враќање во татковината.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk