logo
logo
logo

УАПСЕНИ Ратко Димитровски, Николчо Илијев и Љупчо Папазов, градоначалници на Кочани од 2009 до сега

Vecer | 20.03.2025

УАПСЕНИ Ратко Димитровски, Николчо Илијев и Љупчо Папазов, градоначалници на Кочани од 2009 до сега

Продолжува приведувањето на осомничени лица во случајот со големиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани кога загинаа 59 лица.

Како што дознава мкд.мк попладнево полицијата ги приведе тројцата градоначалници на Кочани од последниве неколку мандати – Ратко Димитровски, градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Николче Илијев од редовите на СДСМ и довчерашниот градоначалник Љупчо Папазов од ВМРО-ДПМНЕ, кој пред два дена поднесе оставка.

Јавното обвинителство пред малку соопшти дека во координирана акција со полицијата приведуваат лица за кои има сомневање дека се вмешани во случајот со пожарот во Кочани.

Акцијата за приведување лица за кои постои сомнение за инволвираност ќе трае во текот на ноќта, а повеќе информации обвинителството ќе соопшти по завршување на акцијата во текот на утрешниот ден.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk