logo
logo
logo

АКЦИЈА НА БИТ ПАЗАР - 500 килограми храна одземена од продавачи на диво

Vecer | 29.09.2026

АКЦИЈА НА БИТ ПАЗАР - 500 килограми храна одземена од продавачи на диво

Во вонреден инспекциски надзор на Агенцијата за храна и ветеринарство отстранети се сите диви тезги на Бит-пазар и одземена е храна во количина од речиси 500 килограми, од кои најголем дел земјоделски производи. 

Инспекцискиот надзор е спроведен денес во раните утрински часови по должината на булеварот Крсте Петков Мисирков, на потегот од трговскиот центар „Мавровка“ до Бит-пазар.  

- Отстранети се сите диви тезги, повеќето со овошје и зеленчук. Одземена е храна во количина од речиси 500 килограми (најголем дел земјоделски производи) и отстранета е целокупната опрема за продажба, која била на диво поставена на пешачките и велосипедските патеки. Во координација со комуналните инспектори на Град Скопје на сторителите ќе им бидат изречени соодветни прекршочни мерки - информира АХВ.

Од АХВ информираат дека вчера во заедничка акција со СВР Гостивар официјални ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство на приватен имот во село Чајле запленија и на депонијата „Русино“ нештетно уништија 150 килограми месо со изминат рок, без декларација и со непознато потекло.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk