Подната фонтана на централниот плоштад во Скопје се враќа во функција на која веќе неколку денови се работи за санација на дефектот. Ова е едно од најпрепознатливите места во срцето на градот, фонтаната која со години ги привлекуваше погледите на скопјани, гостите и туристите, а која поради долгогодишна негрижа беше оставена да пропаѓа, наскоро повторно ќе блесне во полн сјај, вели градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски.
„Денес, правиме темелно и трајно решение.Станува збор за комплексен систем со специјализирана опрема произведена во Германија и со автоматизација која бара прецизно усогласување и целосно враќање на функционалноста. Паралелно со сервисирањето на опремата, се врши и суштинско конструктивно унапредување на фонтаната“, објави меѓу останатото Ѓорѓиевски.
Освен на подната фонтана се работи и кај Порта Македонија каде се заменуваат оштетените плочки како централното градско подрачје конечно би добил уреден, чист и достоинствен лик каков што заслужува, додаде Ѓорѓиевски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата