logo
logo
logo

СО ПОРШЕ „ЛЕТАЛ“ 188 км/ч - Слетал во „Марица“, поршето е одземено!

Vecer | 19.06.2026

СО ПОРШЕ „ЛЕТАЛ“ 188 км/ч - Слетал во „Марица“, поршето е одземено!

Полициски службеници синоќа привеле српски државјанин кој со „Порше“ возел 188 километри на час на автопатот Куманово–Скопје, кај клучката „Рафинерија“.

- При контрола во патниот сообраќај, извршена со радар, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „Порше“ со српски регистарски ознаки, управувано од Б.С. (30). По извршеното мерење било констатирано дека возачот се движел со брзина од 188 километри на час, на делница каде што со сообраќаен знак максимално дозволената брзина е ограничена на 100 километри на час, соопшти МВР.

Поради сторениот прекршок, возилото е одземено, лицето е приведено и задржано во полициска станица за понатамошна постапка.

- Управувањето со моторни возила со брзина поголема од пропишаната претставува една од главните причини за случување сообраќајни незгоди, кои често резултираат со тешки последици по здравјето и животот на граѓаните, наведуваат од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување заеднички да придонесат за побезбедни патишта.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk