logo
logo
logo

КОИ МАКЕДОНЦИ ГИ БАРА ГЕРМАНИЈА ЗА РАБОТА? Со овие струки и дипломи, а за другите - каму иде

Vecer | 19.08.2026

КОИ МАКЕДОНЦИ ГИ БАРА ГЕРМАНИЈА ЗА РАБОТА? Со овие струки и дипломи, а за другите - каму иде

Оние кои размислуваат за работа во странство, а досега најчесто планираната дестинација е Германија, треба да знаат кои дипломи таму се признаваат а нашите, македонските, се признаваат се помалку.

Германија минатата година призна 86.600 странски квалификации, а најголемиот број се однесуваше на медицински сестри, здравствени работници и инженери.

Што се однесува до Македонија најмногу се бараат градежници и медицински персонал што е видно и од информациите за миграција на сајтот на германската амбасада во Македонија од кои информации се одделува и потенцира постапката за медицински персонал како дефицитарен.

Како се проверуваат дипломите

Поединечна проверка: Нема фиксна листа на одобрени училишта или факултети, туку се споредуваат предметите и часовите.Регулирани професии: Задолжително е целосно признавање за работа (на пример: лекари, медицински сестри, инженери, наставници).

Нерегулирани професии: Полесно е за овие работни места (многу економисти или IT експерти), понекогаш е доволна само проверка преку базата Anabin.

База за факултети: Проверете дали вашиот факултет и насока имаат соодветен статус преку официјалната Anabin База.

Портал за занаети и стручни школи: Најдете надлежна институција за вашата струка на порталот Anerkennung in Deutschland.

Регулативата за Западен Балкан (Westbalkanregelung) е клучна за вработување од Западен Балкан, која овозможува пристигнување на работници без оглед на нивните квалификации, под услов да постои понуда за работа од германски работодавач и согласност од Федералната агенција за вработување.

Германија се обидува да го ублажи проблемот со недостатокот на квалификувана работна сила со сè поголемо отворање на пазарот на трудот за странци. Во овој процес, германските власти признаваат сè поголем број дипломи и професионални квалификации стекнати во странство, објавува германската новинска агенција ДПА, пишува Феникс.

Според официјалните податоци, германските власти минатата година одобриле 86.600 барања за признавање на странски квалификации. Ова е за околу 10 проценти повеќе од претходната година, додека во споредба со 2024 година, бројот е зголемен за 21 процент, а во споредба со 2023 година, за дури 25 проценти.

Најмногу признати квалификации од Турција и Украина

Како и во претходните години, најголемиот број признати квалификации минатата година се однесуваа на граѓани на Турција.

Признати се околу 9.800 квалификации стекнати во Турција, што претставува приближно 11 проценти од вкупниот број.

На второ место е Украина со околу 8.300 признати квалификации, додека околу 6.100 се признати од Сирија.

Значителен број барања се однесуваа и на квалификации стекнати во Индија и Тунис, со околу 5.400 признати квалификации од секоја од нив.

Растот на бројот на признати квалификации од Сирија е особено забележлив. Нивниот број се зголеми за 42 проценти минатата година.

Во исто време, забележително е намалувањето на бројот на признати квалификации од Босна и Херцеговина. Со години, таа земја беше меѓу земјите со најголем број признати професионални квалификации во Германија и беше на прво или второ место од 2016 до 2023 година. Сепак, минатата година бројот на признати квалификации од Босна и Херцеговина беше значително помал.

Кога станува збор за занимања, најголемиот број признати странски квалификации се однесуваат на здравствениот сектор.

На прво место се медицинските сестри, со околу 32.000 признати квалификации.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk