logo
logo
logo

Некои ни продаваат фалца сирење но, МЛЕКАРИТЕ ЗАРАБОТУВААТ ДОБРО. Еве кој, и еве колку

Vecer | 02.06.2026

Некои ни продаваат фалца сирење но, МЛЕКАРИТЕ ЗАРАБОТУВААТ ДОБРО. Еве кој, и еве колку

Прталот Фактор ги обезбеди податоците за најголемите приходи и добивки за минатата година на млекарниците кои произведуваат сирење и кашкавал во Македонија, според регистарот што го води Агенцијата за храна и ветеринарство.

Треба да се каже и тоа дека кај некои од друштвата, вообичаено поголемите, млекото и другите млечни производи им се поприоритетни во производството, но сепак во својот асортиман го имаат сирењето и кашкавалот.

Производите на овие млекарници завршуваат главно во домашната малопродажба, но секако таму има и увозни производи од овој тип. Некои од производите се повеќе етаблирани регионално во земјата, а некои се застапени насекаде.

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе вонредни контроли и зема 91 мостра од млеко, млечни и сувомесни производи од домашно производство и од увоз, со цел да се провери дали квалитетот на производите одговара на она што е наведено на декларациите.

Според добиените резултати, кај неколку оператори е утврдено дека производите не ги исполнуваат пропишаните стандарди, односно содржат помал процент на млечни масти од декларираното. Изречени се казни, но јавноста инсистираше да дознае за кои млекари станува збор.

Топ-20 листата на млекарници од Македонија со најголеми приходи ја предводат МЛЕКАРА АД Битола, БУЧЕН КОЗЈАК, ТРНИЦА ДОО (Кораб), МЛЕКАРА ЗДРАВЈЕ РАДОВО и ЛАЦТАЛИС МК МЛЕКАРНИЦА Битола. Млекара АД Битола не произведува ни сирење ни кашкавалж

Ова се заработките на млекарите:

Топ-20 листата на млекарници од Македонија со најголеми добивки ја предводат МЛЕКАРА АД Битола, БУЧЕН КОЗЈАК , Хит 73 Камењане (Шарпланинско), Хемипром Свети Николе (Млекара Николови) i ВАРДАРЕЦ ДООЕЛ Валандо

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk