В година ќе бидат готови првите километри од автопатот Тетово - Гостивар, кој според сегашната динамика ќе биде целосно готов во 2028, а работиме и на железничко поврзување на Скопје со Албанија како продолжение на активностите од проектот „Градски воз“ - информира денеска вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.
- Добро оди изградбата на автопатот Тетово - Гостивар. Тоа е автопат што го почна оваа Влада, решени се сите прашања поврзани со експропријацијата, сега се решаваат работите што се поврзани со дислокација на водови. Исто така, не сакаме да го отсечеме населението од едната или другата страна на автопатот и затоа паралелно се работат натпатниците, односно мостовите и, дополку продолжиме со оваа динамика, веќе в година ќе ги видиме првите завршени километри, а до крајот на 2028 година целосно ќе биде завршен автопатот од Тетово до Гостивар и тоа е нешто на што особено се гордеам - изјави Николоски при посетата на општина Тетово.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата