Функцијата министер е врвна јавна, државна функција за која довербата мора да се враќа секојдневно. И не само дневно, туку и ноќно.
Градењето и проектите поврзани со инфраструктурата се еден од главните столбови на владата предводена од премеирот Христијан Мицкоски и тие се реализираат постојано. Граѓаните очекуваат и добиваат за своите даночни пари тоа што им е од таа област најважно.
Министерот за транспорт Александар Николоски доцна вечерва се јавува од терен, граничен премин Богородица/Гевгелија на кој и ноќе се врши реконструкција на патот на температура која се движи на само неколку степени над нулата.
Рејтинг и углед не се гради со празни муабети, со фрази за демагогија и висока политика, расфрлање со ветувања за кои се нема ни план да се остварат или со нарачани скандали по социјлани мрежи за противниците.
Не, на тарен, и дење и ноќе, и работите си доаѓаат на свое место.
“Вечерва ги посетив вредните работници кои на ГП Богородица непрекинато работат на рехабилитација на автопатот од Гевгелија до ГП Богородица.
Ова е најфреквентниот граничен премин што го имаме на Коридорот 10 и што нè поврзува со Грција.
Се работи интензивно, се асфалтира и вечерва, така што за брзо време ќе имаме модерен влез во државата“ објави минстерот Николоски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата