logo
logo
logo

ГРАНАТИ ОД МИНАТИТЕ ВОЈНИ ПРОНАЈДЕНИ ВО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО - ДЗСотстрани опасни експлозивни средства

Vecer | 05.08.2026

ГРАНАТИ ОД МИНАТИТЕ ВОЈНИ ПРОНАЈДЕНИ ВО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО - ДЗСотстрани опасни експлозивни средства

Опасни неексплодирани експлозивни средства од минатите војни се отстранети од Кумановско и од водите на Охридско Езеро, информира Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Гранати и друго оружје биле пронајдени на различни локации, вклучително и во езерскиот појас, а акцијата била спроведена со асистенција на МВР и учество на повеќе државни служби и институции.

Конкретно, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) ги отстранува согласно стандардните оперативни процедури (СОП), безбедно, се до нивно целосно уништување, преку вработените пиротехничари.

Прво беа отстранети две артилериски 75-милиметарски гранати кај село Мургаш, Кумановско.

Потоа, од Охридско Езеро близу брегот кај Љубаниште, е пронајдена рачна бомба од Прва светска војна. Интервенциите беа спроведени од ДЗС во координација и со соодветни мерки со повеќе институции со МВР, при што во Охридско помагаше СВР Охрид со езетската полиција на пиротехничарот на ДЗС, Зоран Пејев.

Инаку, при пронаоѓање заостанати гранати, бомби, па и оружја од минатите војни и конфликти и се што личи на тоа, граѓаните не треба да го допираат или поместуваат, туку едноставно да се јават за локацијата со опис на тоа што виделе и пронашле, на Единствениот повикувачки број 112 во ЦУК, по што ќе се преземат соодветни мерки од институциите според стандардни оперативни процедури и пиротехничарите на ДЗС соодветно ќе ја остранат опасноста по граѓаните и материјалните добра.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk