logo
logo
logo

Европската перспектива останува стратешки приоритет за Македонија

Vecer | 25.09.2026

Европската перспектива останува стратешки приоритет за Македонија

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со членови на Европскиот парламент во рамки на 25. состанок на Мешовитиот парламентарен комитет Македонија – Европска Унија.

Како што соопштуваат од Министерството за транспорт, разговорите биле со фокус на европската интеграција на земјата, реформскиот процес и чекорите кои што претстојат на патот кон полноправно членство во Унијата.

На средбата беше разговарано за актуелните состојби и напредокот на Македонија во исполнувањето на обврските, како и за значењето на продолжувањето на реформите во клучните области поврзани со процесот на пристапување кон ЕУ. Заменик претседателот на Владата, Николоски, информираше за конкретните активности што ги презема Владата во насока на унапредување на реформите, зајакнување на институциите и создавање услови за забрзување на европската интеграција – стои во соопштението.

На средбата, додаваат, била истакната важноста од континуираниот дијалог со институциите на Европската Унија, како значаен партнер на Македонија во процесот на приближување кон европското семејство. Било нотирано и дека европската перспектива останува стратешки приоритет за државата, а продолжувањето на отворениот дијалог со европските институции е од особено значење за понатамошниот напредок на земјата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk