Во полициска акција во Скопје, неофицијално, е приведена инспекторка од Агенцијата за храна и ветеринарство, осомничена дека ја злоупотребила својата службена положба за лична корист.
Според неофицијалните информации, користејќи ги овластувањата од функцијата, вршела контрола и барала документација која не била потребна, а издавањето позитивен записник го условила со паричен износ.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата