logo
logo
logo

СЕ ЗАКАНИ ЛИ „УЧК“? - Немири во Македонија и регионот ако Хаг ги осуди командантите

Vecer | 24.08.2026

СЕ ЗАКАНИ ЛИ „УЧК“? - Немири во Македонија и регионот ако Хаг ги осуди командантите

Поранешниот командант на ОВК, Насим Харадинај, упати директни и застрашувачки закани за можна ескалација на ситуацијата во регионот, истакнувајќи дека Косово, Албанија и Македонија „ќе горат во пламен“ доколку Специјалниот суд донесе осудителна пресуда за поранешните водачи на ОВК на 16 септември. Во своето гостување на телевизијата Т7, тој потенцираше дека не само Косово, туку и целото албанско население ќе реагира жестоко на каква било затворска казна за Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи, пренесе косовскиот медиум „Зери“.

Харадинај истакна дека е запознаен со најавите за славење од страна на одредени поединци во случај на осудителна одлука, но им порача дека оние што планираат да празнуваат, самите ќе изгорат во тој оган. Според него, судскиот совет во Хаг не смее да носи одлуки кои можат целосно да ја нарушат стабилноста на регионот, предупредувајќи дека евентуална таква пресуда целосно ќе ги преврти работите на терен и ќе иницира неконтролиран хаос.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk