logo
logo
logo

Активен конкурсот за културни проекти за 2027 година, ќе трае до крајот на октомври

Vecer | 30.09.2026

Активен конкурсот за културни проекти за 2027 година, ќе трае до крајот на октомври

Објавени годишните конкурси за финансирање проекти од јавен интерес во културата за 2027 година што ги финансира ресорното министерство.

Пријавувањето е исклучиво електронски преку платформата е- услуги. Апликативниот рок е до крајот на следниот месец. Се задржува минималниот праг од 40 бода (од вкупно 100) за финансиска поддршка, како и ограничувањата до четири проекти за правни лица и до две за физички лица со цел да се поттикне квалитет, а не квантитет.

Системот за бодување е унифициран – до 70 бода за квалитет на содржината, до 15 бода за човечки ресурси и до 15 бода за финансиска оправданост.

- Овие конкурси ќе ги поддржат проектите што ја збогатуваат културната понуда, создаваат простор за нови креативни изрази и придонесуваат за меѓународната видливост на македонската култура. Изразуваме искрено очекување дека и оваа година уметниците, здруженијата и културните организации ќе покажат висок интерес и професионална подготвеност, потврдувајќи ја динамичноста и зрелоста на нашата културна сцена, изјави министерот Сулејмани.

Политиката на Министерството е инклузивна, но и одговорна и се поддржуваат сите што создаваат вредност, истовремено инсистирајќи на професионалност, одговорност и мерлив придонес, додаде Сулејмани.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk