Поранешниот потпретседател на СДСМ и еден од организаторите на платформата „Разговори за иднината во 12:05“, вели дека лидерот на СДСМ и групата околу него станале фракција во партијата. Во изјава за медиумите денеска тој посочи дека на Филипче ќе му достават План за консолидација и структурни промени, за кои тврди многупати се разговарало во партијата и му порача на Филипче да ги прифати за, како што рече тој, доброто на партијата.
„Јас знам дека на Венко Филипче му е тешко и ќе му биде уште потешко, но не смее да ѝ биде потешко на СДСМ. Тој има шанса, макар на крајот, со своите постапки да помогне да оваа во момент заробена партија се отвори и се врати на членството. Венко Филипче и групата со нивното однесување станаа фракција во СДСМ, членството е на наша страна, во огромно мнозинство“, рече тој.
Од демократската платформа сочинета од актуелни и поранешни функционери на СДСМ, на брифинг во четвртокот рекоа дека тие нема да бидат нова политичка партија ниту, пак, ќе поднесуваат независни листи на парламентарните избори.
Гордан Георгиев, Андреј Петров, Славјанка Петровска, Игор Ивановски, Никола Ќуркчиев и Емилијан Станковиќ, како претставници на демократската платформа, порачаа дека кај граѓаните постои опозициско расположение, а дека целта на платформата е да почеток во разговорите за окрупнување на опозицискиот фронт, со цел победа над актуелната власт.
Денеска на трибина им се придружи и Левица, која ја претставуваше пратеникот и портпарол на партијата Амар Мециновиќ.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата