Ноќеска во акциска контрола во угостителски објекти во Скопје спроведени се повеќе лица, меѓу нив и малолетници, објави МВР.
„Секторот за внатрешни работи Скопје, во содејство со инспектори од Државен пазарен инспекторат, ноќеска изврши контрола во повеќе угостителски објекти во Скопје. За време на контролата легитимирани се 37 лица и лишени од слобода се осум лица, од кои три малолетници“, информира полицијата.
Притоа, во два угостителски објекти констатирано е пречекорување на работното време, а во еден од угостителските објекти констатирано е точење на алкохол на малолетни лица, како и лица кои поседуваат наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Акциските контроли продолжуваат и во наредниот период.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата