logo
logo
logo

СОБРАНИСКИ ДЕЛЕГАЦИИ ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА ИЛИНДЕН

Vecer | 01.08.2025

СОБРАНИСКИ ДЕЛЕГАЦИИ ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА ИЛИНДЕН

По повод 2 Август – Денот на Републиката, во име на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, потпретседателката на Собранието на Република Северна Македонија, Весна Бендевска, заедно со собраниска делегација во состав: Бране Петрушевски, Никола Коњановски, Даниела Николова и Даниел Стојчевски, ќе одбележи 81 година од Првото заседание на АСНОМ, во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце.

Државна делегација, предводена од потпретседателката Бендевска, ќе го одбележи 2 Август – Илинден, во манастирот Прохор Пчински.

Собраниска делегација, предводена од потпретседателот Антонијо Милошоски, во состав: Бети Стаменкоска-Трајкоска, Славјанка Петровска, Бобан Карапејовски и Малиша Станковиќ, ќе положи свежо цвеќе пред споменикот на Никола Карев, пред Собранието; пред споменикот на АСНОМ, Парк „Жена борец“ и пред споменикот на Методија Андонов-Ченто, на плоштадот „Македонија“.

Собраниска делегација, во состав Биљана Кузманоска и Митко Трајчулески, ќе положи свежо цвеќе во Крушево, на гробот на Никола Карев, Македониум; пред споменикот на Слива „На хероите на Слива“ и на „Мечкин Камен“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk