Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од полноќ малопродажната цена на дизелот се намалува за два денари и ќе се продава по цена од 99,00 денари за литар.
Бензините од полноќ поскапуваат за три и пол денари по литар.
Од 15.9.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 100,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 102,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 99,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 109,50 (денари/литар)
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата