КРИМИНАЛОТ Е НЕИСПЛАТЛИВА ПРОФЕСИЈА, порача премиерот Мицкоски

Vecer | 14.09.2026

КРИМИНАЛОТ Е НЕИСПЛАТЛИВА ПРОФЕСИЈА, порача премиерот Мицкоски
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Премиерот Христијан Мицкоски од граничниот премин Табановце порача дека Владата ќе продолжи да ја поддржува работата на Царинската управа и очекува уште подобри резултати со новата опрема донирана од Европската Унија.

Мицкоски упати и порака до оние кои се занимаваат со криминал, нагласувајќи дека државата ќе продолжи со борбата против криминалните структури.

„Мораме да покажеме дека да се биде криминалец и да се занимаваме со криминал е неисплатлива професија. Оваа Влада има сериозна намера да застане на патот на тие коишто одлучиле да бидат сојузници на криминалот и сакам јасно да кажам на македонската јавност дека тие ќе бидат фатени и изведени пред лицето на правдата“, рече Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk